Скопје, 18.06.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осудува вчерашните напади врз медиумските работници, насилничкото приведување новинари, но и непрофесионалното однесување од некои новинари.
Медиумските работници мора да бидат ослободени од секаков вид на притисоци и да им се овозможи непречено да ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен интерес.
Меѓутоа, истовремено, новинарите при известувањето мора да обезбедат професионална дистанца, непристрасно и избалансирано известување. Во овој контекст, Агенцијата апелира да не се применуваат облици на непримерна комуникација со јавноста, а уште помалку да се поттикнува насилство по било која основа.
Само со професионално медиумско известување може да се покренат пошироки јавни дебати и да се придонесе за слободно создавање јавно мислење и формирање критички ставови.