Процесот на воведување на 5G во Република Македонија во фокусот на вториот јавен состанок за 2018 година

image_pdfimage_print

Скопје, 27.06.2018 – Агенцијата денес го одржа вториот јавен состанок за 2018 година, на кој директорот, д-р Зоран Трајчевски ги презентираше реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатото тромесечје. Тој направи пресек на спроведените надзори и изречените мерки-опомена врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, даватели на аудиовизуелни медиумски услуги на барање и издавачите на печатени медиуми.

На состанокот подробно беше образложен ангажманот на Агенцијата во справување со говорот на омраза и поттикнување родова еднаквост, како активностите на полето на меѓународна соработка и во рамки на процесот на европска интеграција.

Посебен акцент на настанот беше ставен на процесот за воведување на 5G во Република Македонија. М-р Игор Бојаџиев од Агенцијата за електронски комуникации, кој воедно е и претседател на работната група за утврдување мерки и активности потребни за воведување на 5G мобилна технологија во Република Македонија, подетално ги образложи моменталните инфраструктурни ресурски, важечките прописи, предлог мерките и роковите за нивно завршување. Во оваа работна група, која ја формираше Министерството за информатичко општество и администрација, учествува и претставник од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Според утврдената динамика во 5G акцискиот план на Европската Унија, до 2020 година најмалку еден голем град во земјите-членки на Унијата треба да обезбедат 5G, додека до 2025 година да се обезбеди целосна покриеност на сите урбани населби, главни патишта и железници. Македонија како земја која се стреми кон Европската Унија, кон крајот на 2017 година почна со подготовки за воведување на 5G и започна со подготовка на Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Македонија.

Презентациите од јавниoт состанок се достапни на линковите подолу:

Спроведени активности согласно Годишната програма за работа на АААВМУ

д-р Зоран Трајчевски, директор на АААВМУ

Активности и мерки потребни за воведување на 5G во Македонија

Игор Бојаџиев, Агенција за електронски комуникации



Accessibility

Accessibility