Билатерална средба со Агенцијата за електронски медиуми на Република Хрватска

image_pdfimage_print

Скопје, 05.09.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и претставниците на Агенција за електронски медиуми на Република Хрватска денеска во Скопје договорија продлабочување на меѓусебната соработка и зголемена размена на искуства во областа на медиумската регулацијата.

На билатералната средба се разговараше за организациската структура и надлежностите на Агенциите, законските одредби за доделување/одземање дозволи, анализите од медиумската сфера, мониторингот на програмски содржини. Воедно беа разменети и искуства за процедурите за утврдување на медиумска сопственост и недозволена медиумска концентрација.

Посебен акцент на средбата беше ставен на ангажманот на регулаторите во областа на медиумската писменост и на напорите за сензибилизирање на медиумите за нивната улога во поттикнување и промовирање на родовата еднаквост преку родово избалансирани содржини во своите програми.



Accessibility

Accessibility