Скопје, 18.09.2018г. – За почитувањето на обврските за објава на импресум, информации достапни до корисниците и идентификација на радиодифузер врз Радио Антена 5, Канал 77 и Радио Метрополис, извршен е редовен административен надзор. Надзорот покажа дека Радио Антена 5 и Радио Метрополис во дел од емитуваните програми не ги објавиле податоците за импресум што се должни да ги емитуваат на соодветното место за секоја содржина од програмскиот сервис.
При контролен надзор врз Наша ТВ, поточно емисијата „Добра идеја“ емитувана на 7 август 2018 година утврдено е дека не се објавени податоците за импресум, и покрај тоа што претходно е изречено решение за мерка-опомена. Контролен административен надзор е извршен и врз ТВ Топестрада, ТВ М и ТВ Ускана Еден за обврската за објава на информации коишто треба да се направат достапни до корисниците. Единствено ТВ Ускана Еден не постапила по претходно упатената мерка-опомена, поточно на својата програма емитувана на 4 септември 2018 година, не ги обезбеди информациите што треба да им се направат достапни на корисниците.
Извештаите се достапни на следните линкови:
Радио Антена 5 – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 17.09.2018
Канал 77 – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 17.09.2018
Радио Метрополис – (член 14 од ЗМ, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 17.09.2018
Наша ТВ – (член 14 од ЗМ) – 17.09.2018
ТВ Топестрада – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 17.09.2018
ТВ М – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 17.09.2018
ТВ Ускана Еден – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 17.09.2018