Констатирано прекршување на правилата за објава на анкети кај 1 ТВ

image_pdfimage_print

Скопје, 27.09.2018г. – Со надзорот над медиумското претставување за време на референдумот врз програмскиот сервис на 1 ТВ, емитуван на 25 септември 2018 година, Агенцијата констатираше прекршување на правилата за објавување резултати од испитувања на јавното мислење.

Имено, 1 ТВ, на 25 септември 2018 година, во повеќе наврати ги објави резултатите од испитувањето на јавното мислење во врска со референдумот спроведено од агенцијата „Рејтинг“, а нарачано од 1 ТВ, откако заврши дозволениот период за нивно емитување, најдоцна пет дена пред датумот одреден за гласањето, односно во конкретниов случај до 24-ти септември 2018 година.

За сторениот прекршок, против 1ТВ, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе покрене прекршочна постапка пред надлежниот суд.

Извештајот од извршениот надзор е достапен на следниот линк



Accessibility

Accessibility