Известување за јавното отворање на пријавa за учество на јавниот конкурс

image_pdfimage_print

Скопје, 17.10.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на 30-тата седница одржана на 16.07.2018 година, донесе Oдлука за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за непрофитна радиодифузна установа за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Струмица УП1 бр.08-388 од 16.07.2018 година (објавена на 18.07.2018 година во „Службен весник на Република Македонија“, бр.132/18).</p>
 

Крајниот рок за поднесување на пријави за учество на јавниот конкурс беше до 16.10.2018 година. Пријавите поднесени на овој конкурс, треба да бидат јавно отворени, една недела по истекот на рокот за поднесување на истите.

 Јавното отворање на доставенaта пријава за учество на наведениот јавен конкурс согласно точка 13 од напред наведената одлука, ќе се одржи на ден 24.10.2018 година, среда во 13:00 часот, во седиштето на Агенцијата, Палата „Панко Брашнаров“,  ул.„Македонија“ бр.38, Скопје.



Accessibility

Accessibility