Скопје, 29.10.2018г. – Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз ТВ Кочани ЛД, ТВ Свет, ТВ Здравкин, ТВ Ускана Еден и радиото РФМ, за да се утврди дали постапиле по Решенијата за преземање мерка-опомена, претходно упатени од Агенцијата.
При надзорот се утврди дека ТВ Кочани ЛД на 17 септември 2018 година не ги обезбеди информаците што треба да бидат достапни до корисниците, ТВ Здравкин на 6 октомври 2018 година, кинематографскиот филм „Венера и Вегас“ (Venus & Vegas) означен како програма што не се препорачува за деца под 12 години беше емитуван во несоодветен период од деноноќието, додека радиото РФМ во период од 6 до 12 август 2018 година, не спроведуваше најмалку 80% од програмскиот концепт за кој му е издадена дозволата.
ТВ Свет и ТВ Ускана Еден постапиле по претходно изречените мерки-опомена.
Извештаите се достапни на линковите подоле:
ТВ Кочани ЛД – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 26.10.2018
ТВ СВЕТ – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 26.10.2018
ТВ СВЕТ – (член 64 од ЗААВМУ) – 26.10.2018
РФМ – (член 67 став 6 од ЗААВМУ) – 26.10.2018
ТВ ЗДРАВКИН – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 26.10.2018
ТВ ЗДРАВКИН – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 26.10.2018
ТВ УСКАНА ЕДЕН – (член 100 став 1 од ЗААВМУ) – 26.10.2018