Скопје, 26.11.2018г. – Врз телевизиите 1 ТВ, ТВ Клан Македонија, ТВ Шења и ТВ КОМПАНИ 21-М, Агенцијата изврши редовен програмски надзор за законските одредби коишто се однесуваат на употреба на јазикот во програмите, емитување најмалку 12 часа програма на телевизија, заштита на малолетните лица од програми што би можеле да им наштетат на нивниот физички, психички или морален развој, правила за емитување аудиовизуелни комерциjални комуникации, обврски при обезбедување квизови или други обилици на наградно учество, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање и емитување игри на среќа.
Надзорот покажа дека на програмата на ТВ Клан Македонја на 1 ноември 2018 година, епизодата од серијата „72Hours true crime“ беше емитувана со погрешна предупредувачка сигнализација и во несоодветен термин од деноноќието, додека промотивните најави за играните серијали “The story of Tracy Beaкer“, „Being Eve“ и „Vrima e zezë“ се емитувани без да бидат означени со визуелниот знак што ја сигнализира категоријата програма што се најавува. Кај останатите телевизии не се констатирани прекршувања.
Извештаите се достапни на следните линкови:
1ТВ – (член 64 и член 90 од ЗААВМУ) – 23.11.2018
ТВ Клан Македонија – (член 64 и член 90 од ЗААВМУ) – 23.11.2018
ТВ Клан Македонија – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 23.11.2018
ТВ КОМПАНИ 21-М – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 23.11.2018
ТВ КОМПАНИ 21-М – (член 64 и член 90 од ЗААВМУ) – 23.11.2018
ТВ Шења – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 23.11.2018
ТВ Шења – (член 64 и член 90 од ЗААВМУ) – 23.11.2018