Студенти од ДТУ во посета на Агенцијата

image_pdfimage_print

Скопје, 11.12.2018 – Агенцијата вчера беше домаќин на студенти од Факултетот за Правни студии и новинарство при Државниот универзитет во Тетово.

На студентите им беа презентирани медиумската легислатива со осврт на  Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, надлежностите, начинот на функционирање и обврските на Агенцијата во поглед на имплементација на релевантните закони, како и активностите што регулаторот ги презема во поглед на медиумската писменост, третманот на родовите прашања во медиумите, спроведените анализи и истражувања.

Агенцијата како и досега останува отворена за соработка со сите универзитети и училишта кои имаат интерес за споделување на знаења и практични искуства во аудиовизуелната област.



Accessibility

Accessibility