Агенцијата го одржа четвртиот јавен состанок за 2018 година

Скопје, 26.12.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го одржа четвртиот и последен јавен состанок за 2018 година на кој директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски ги презентираше активностите од изминатиот квартал, спроведени согласно Годишната програма за работа

на Агенцијата – извршените надзори врз радиодифузерите, издавачите на печатени медиуми и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, давателите на АВМУ по барање, изречените мерки-опомена, активностите на полето на меѓународна соработка.

Присутните имаа можност да ги проследат и новините во ревидираната европска Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги, која стапи на сила на 18 декември и која земјите-членки на Европсата унија треба да ја имплементираат во своите национални законодавства. Ревидираната Директива, предвидува измени во делот на аудиовизуелните комерцијални комуникации, лимитите за рекламирање, спонзорството, пласирање производи и телешопинг. Со неа се засилуваат правилата за почитување на обврската за заштита од насилство и говор на омраза, интегритетот и независноста на уредувачката одговорност за програмите и услугите. Во однос на медиумската писменост, препораката е активностите да се насочат кон оспособување на граѓаните со способности за критичко размислување, што се неопходни за да донесат суд за прашањата и да ја препознаваат разликата помеѓу мислење и факт.

На состанокот беа презентирани податоците од истражувањата за родовите прашања и за начинот на прикажување и претставување на мажите и жените во програмските концепти и содржини на средствата за јавно информирање за 2018. Истражувањата во која е прикажана состојбата со застапеноста на родот и родовите теми на екраните, но и зад нив, кај лицата одговорни за креирање и спроведување на уредувачката политика на медиумите во форма на публикација ќе биде испечатена на македонски, албански и англиски јазик.

На крајот беа промовирани и инфографиците во кои се прикажани резултатите од истражувањата на Агенцијата, а се однесуваат на резултатите од истражувањата за ставовите на публиката за прикажувањето на ЛГБТИ-заедницата во медиумите во 2017 година, и за застапеноста на програмите за деца на националните телевизии според жанровската структура, земја на потекло, застапеноста на програмите за деца во вкупната неделна програма, и нивната категоризација и сигнализација. Двата одделни инфографика, со цел да станат подостапни до граѓаните, Агенцијата ги испечати на македонски, албански и англиски јазик.

Презентациите од четвртиот јавен состанок може да се преземат на следниве линкови:

Спроведени активности согласно годишната програма за работа на Агенцијата – четврти  квартал од 2018 година

д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата

Новини во директивата за аудиовизуелни медиумски услуги – Правила за телевизиите

м-р Емилија Јаневска

Родот на Телевизиите во 2018: Зад екранот и н анего

Марина Трајкова

Програма за деца на националните телевизии

Виктор Стојков



Accessibility

Accessibility