АВМУ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе работат на подигање на свеста за медиумската писменост

Скопје, 08.07.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка врз основа на кој ќе бидат преземени заеднички активности за подигнување на нивото на медиумската писменост во земјава.

Станува збор за реализирање на истражување на нивото на медиумската писменост кај возрасната популација во Република Северна Македонија и на медиумска кампања кои ќе се спроведат со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Истражувањето е второ по ред и треба да покаже дали и колку е сменета ситуацијата во споредба со истражувањето од 2016 година. Неговите наоди ќе послужат како основа за спроведување медиумска кампања за подигање на свеста за важноста на медиумската писменост како средство кое ќе им помогне на граѓаните да препознаат пристрасност, спинови, дезинформации и лажни медиумски содржини.

Активностите ќе се реализираат во рамките на проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје „Поддршка на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите“.



Accessibility

Accessibility