Радиодифузерите денес, утре и задутре да ја прилагодат програмата со деновите на жалост

Скопје, 23 ноември 2021 – По повод трагичната сообраќајна несреќа што се случи во Република Бугарија, Владата на РСМ ги прогласи денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември, за денови на жалост.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува радиодифузерите соодветно да ја прилагодат програмата и да емитуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на денови на жалост.

Забавните шоу програми, хумористичните емисии или играна програма од жанрот комедија кои биле  планирани да се емитуваат овие три дена, да се распределат за други денови во седмицата, а музиката треба да биде од музички жанрови соодветни за денови на жалост. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е овие три дена да не се емитува рекламирање.



Accessibility

Accessibility