Билатерална средба помеѓу АВМУ – АМА

Скопје, 2 февруари 2022 – Претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и регулаторното тело за медиуми на Република Албанија (АМА) денеска одржаа билатерална средба.

Двете регулаторни тела разговараа за активностите поврзани со хармонизацијата на домашната регулатива за медиуми со европската, отворените прашања кои влијаат на тој процес и како тие да се надминат. Акцент беше ставен и на обврските кои произлегуваат од ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги.

На средбата беа споделени и информации за активностите поврзани со мониторингот на изборното медиумско претставување во двете земји и правилата за ППР, родовата застапеност во медиумите и правилата за заштита на малолетната публика.

На крајот од средбата беше констатирано дека соработката треба да продолжи во насока на продлабочување на меѓусебните односи и размена на искуства во областа на медиумската регулација.



Accessibility

Accessibility