Одбележување на Светскиот ден на радиото

Скопје, 13 февруари 2022 – Под покровителство на УНЕСКО, денеска се одбележува единаесеттото издание на Светскиот ден на радиото кое оваа година се одржува под мотото „Радиото и довербата“.

Годинешните поттеми се во насока на задржување и подигање на довербата на слушателите, обезбедување пристапност до радиосодржините за сите слушатели, вклучувајќи ги и лицата со сетилна попреченост, како и предизвиците за обезбедување на економска одржливост.

Градењето доверба со публиката бара секојдневно вложување во квалитетна радиопрограма, подигнување на професионалните новинарски стандарди, како и употреба на нови дигитални технологии кои ќе овозможат поголема достапност до слушателите.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на сите радиостаници во земјава им го честита Светскиот ден на радиото и ги повикува да дадат сопствен придонес во неговото одбележување.



Accessibility

Accessibility