СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 4 август 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува попречувањето на новинарската екипа на ТВ Алфа, да го проследи настанот по повод одбележувањето на празникот Илинден на 2ри август на Мечкин Камен во Крушево.

Потсетуваме дека е особено важно на сите медиуми без исклучок да им се обезбедат еднакви услови и пристап за известување на настани кои се од јавен интерес, а медиумските работници во ниту еден момент не смеат да бидат попречени во вршењето на работните задачи, особено кога се работи за информирање на јавноста за важни општествени случувања.



Accessibility

Accessibility