Донација на опрема од АВМУ за Албанскиот театар за деца и млади

Скопје, 30 август 2022 – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги д-р Зоран Трајчевски и директорката на Националната установа Албански театар за деца и млади, Дијана Тоска, денеска потпишаа договор со кој АВМУ на театарот му донира компјутерска опрема.

Донацијата следи по барање на Албанскиот театар за деца и млади поради недостаток на технички средства за работа. Станува збор за 15 персонални компјутери, 23 монитори и 2 печатачи.

Како што истакна директорот Трајчевски, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се надева дека на овој начин ќе се олесни тековното работење на Театарот и установата ќе може непречено да ја остварува својата улога во подигнување на степенот на уметничкото и културното образование на најмладите.

 



Accessibility

Accessibility