Скопје, 19 јули 2023 – Во врска со вчерашниот вербален и физички напад врз снимателот на ТВ 24, Иван Камчев кај Росоман, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека сите видови на напади врз претставниците на медиумите се апсолутно неприфатливи и дека во ниту еден момент нивната безбедност не смее да биде доведена во прашање.
Медиумските работници својата работа треба да ја извршуваат непречено, во согласност со професионалните стандарди и принципи утврдени во Кодексот на новинарите, вклучително и оние кои се однесуваат на начинот на информирање за време на несреќи.