БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА ПОМЕЃУ АВМУ И НКМ

Скопје, 20 февруари 2024 – Претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Независната комисија за медиуми на Република Косово (НКМ) денеска во просториите на АВМУ одржаа билатерална средба.

На средбата се разговараше за повеќе прашања, со акцент на практичните искуства и активности поврзани со хармонизацијата на домашната регулатива за медиуми со европската и спроведувањето на обврските кои произлегуваат од ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги.

Посебно внимание се посвети на искуствата во поглед на начинот на реализација на мониторингот на медиумските содржини за време на изборни процеси.

На крајот од средбата, претставниците на двете регулаторни тела констатираа дека меѓусебната соработката треба да продолжи и понатаму во насока на размена на информации во областа на медиумската регулација за прашања кои се од заеднички интерес на двете страни.



Accessibility

Accessibility