Донесено Упатство за измена и дополнување на Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарните избори 2024

Скопје, 16 април 2024 – На вчерашната 16-та седница, Советот на Агенцијата донесе Упатство за измена и дополнување на Упатството за радиодифузерите за Претседателските и Парламентарните избори 2024.

Измената и дополнувањето на Упатството следи откако Државната изборна комисија ги потврди подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието на РСМ.

Со документот се појаснува начинот на распределба на дополнителните девет ипол минути за платено политичко рекламирање меѓу учесниците во изборната кампања за Парламентарните избори и начинот на означување на нарачателите на ППР; распределбата на времето во вестите на Јавниот сервис и распределбата на времето за бесплатно политичко претставување на Собранискиот канал.

 

 



Accessibility

Accessibility