Скопје 13 јуни 2024 – Советот на Агенцијата на 26-та седница одржана на 12 јуни усвои Нацрт-Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за емитување европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти.
Измената и дополнувањето на Правилникот произлегува од измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од јули 2023 година, поврзани со давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.
Агенцијата ги повикува сите радиодифузери, даватели на АВМУ по барање и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.
Јавната расправа трае 75 дена, заклучно со 27 август 2024 година.