Отворена јавна расправа за Нацрт-правилник за физичките лица даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање

Скопје, 18 јули 2024 – Советот на Агенцијата на 29-та седница одржана на 17 јули, усвои Нацрт-правилник за физичките лица даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.

Со подзаконскиот акт се уредуваат формата и содржината на пријавата за евидентрање во регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање и начинот на кој се одлучува кое физичко лице ќе се смета за давател на аудиовизуелни медиумски услуги по барање во смисла на ЗААВМУ.

Агенцијата ги повикува сите радиодифузери, даватели на АВМУ по барање и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа за Нацрт-правилникот трае 75 дена, заклучно со 1 октомври 2024 година.



Accessibility

Accessibility