Скопје, 18 јули 2024 – Советот на Агенцијата на 29-та седница одржана на 17 јули, усвои Нацрт-правилник за измена и дополнување на Правилникот за спонзорство, Нацрт-правилник за измена и дополнување на Правилникот за заштита на малолетните лица и Нацрт-водич за мониторинг на говорот на омраза – второ дополнето и изменето издание.
Агенцијата ги повикува сите радиодифузери, даватели на АВМУ по барање и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.
Јавната расправа трае 45 дена, заклучно со 2 септември 2024 година.