Скопје, 10 септември 2024г. – Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги објавува јавен повик за избор на правно лице (економски оператор), кое врши дејност или поседува дозвола за вршење на дејност за собирање и транспорт на електронски отпад и складирање и третман на отпад, издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
На повикот може да конкурираат правни лица со важечки дозволи за дејност што е предмет на овој јавен повик или конзорциум од правни лица со наведените дозволи (дозвола за вршење на дејност за собирање и/или транспортирање на опасен и неопасен отпад и дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад издадена од МЖСПП).
Предмет на јавниот повик се отпадните движни ствари кои поради нивната дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не се користат од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Сите информации за јавниот повик се достапни на линкот.
Краен рок за доставување на пријава за учество е 17.09.2024 година до 16:00 часот.