Појаснување за кандидатите за објавениот Јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачје на општина Битола

Скопје, 17 октомври 2024г – Во врска со Одлуката за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, УП1 бр.08-271 од 09.10.2024 г. (објавена на 15.10.2024 г. во „Службен весник на РСМ“ бр.211), Ве известуваме дека

– Конкурсната документација  за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Битола и образецот – Пријава за учество на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Битола, можат да се подигнат во архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Палата „Панко Брашнаров“, ул.„Македонија” бр.38, Скопје, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот;

– За конкурсната документација се плаќа надоместок во износ од 60.000,00 (шеесетилјади) денари на жиро сметка: 300000000618023, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Банка депонент: Комерцијална банка АД Скопје;

– Пријавите на кандидатите кои нема да го платат надоместокот за документацијата, кои ќе бидат поднесени по истекот на определениот рок, некомплетните пријави (кои нема да ги содржат сите документи и прилози согласно Пријавата), неуредно пополнетите пријави, како и пријавите кои нема да бидат поднесени во 2 (два) примерока (оригинал и копија), нема да се разгледуваат.

Крајниот рок за поднесување на пријави по Јавниот конкурс е заклучно до 16.12.2024 година (понеделник).

Пријавата за учество на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис, на локално ниво може да се преземе на следниот линк



Accessibility

Accessibility