Отворена Јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата и Нацрт-годишните планови за вршење административен надзор и програмски надзор за 2025 година

Скопје, 19 ноември 2024 – На денешната 43 седница, Советот на Агенцијата ги усвои Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2025 годинa (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги), Нацрт-годишниот план за вршење административен надзор во 2025 година и Нацрт-годишниот план за вршење програмски надзор во 2025 година.

За текстовите на Нацрт-документите отворена е јавна расправа за која Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа и истите да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.

Јавната расправа трае до 19 декември 2024 година.



Accessibility

Accessibility