Скопје, 13 декември 2024г. – Советот на Агенцијата на 45-та седница одржана на 12 декември 2024 година усвои Нацрт-правилник за регистрирање на давателите на услуги по платформа за споделување видеа.
Со овој подзаконски акт се уредуваат формата и соодржината на образецот на пријавата и на Регистарот на даватели на услуги платформа за споделување видеа, кој ќе се води во Агенцијата.
Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.
Јавната расправа трае заклучно со 13 јануари 2025 година.