Скопје, 25 декември 2024 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа последниот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.
Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со спроведените програмски и административни надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и издавачите на печатени медиуми, како и изречените мерки јавна опомена за оние субјекти кои ги прекршиле Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
На настанот беа споменати и активностите поврзани со меѓународната и европска соработка, покренатите постапки за одземање на дозволи за радиодифузерите, одлуките за објавување на јавен конкурс за доделување на дозволи за радио емитување и др.
Презентацијата за реализираните активности согласно Годишната програма за работа за периодот октомври – декември 2024 е достапна на линкот.