Извршен контролен програмски надзор врз ТВ Дуе и ТВ Њуз

Скопје, 6 февруари 2025г –  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен програмски надзор врз ТВ Дуе и ТВ Њуз, за да утврди дали радиодифузерите постапиле по изречените мерки јавна опомена, упатени заради непочитување на обврската за дневно емитување најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела во периодот од 7:00 до 19:00 часот и емитување програма на македонски јазик и кирилско писмо, а во случаите кога програмата е наменета за заедница која не е во мнозинство, на јазикот и писмото на таа заедница.

При надзорот беше констатирано дека телевизијата Дуе делумно постапила по решението за изрекување мерка – јавна опомена односно на програмата емитувана на 27 јануари, нема емитувано најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела.

Извештаите од надзорите се достапни на следните линкови:

ТВ Дуе – (прекршување на член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 06.02.2025

ТВ Дуе – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 06.02.2025

ТВ Њуз – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 06.02.2025



Accessibility

Accessibility