Контролен административен надзор врз издавачот на печатени медиуми Колор медија плус

Скопје, 13 февруари 2025 – Агенцијата спроведе контролен административен надзор врз Колор медија плус, издавач на печатениот медиум „The Economist“, за да утврди дали постапил по Решението за преземање меркa јавна опомена, упатена заради не објавување назив и адреса на седиштето и уредништвото на издавачот на медиум; име на одговорното лице на издавачот на медиум; име и презиме на одговорниот уредник, односно уредниците, адреса на печатницата и датумот на печатење или препечатување, како и бројот на печатени примероци.

Со надзорот беше констатирано дека печатениот медиум во целост постапил по решението за преземање мерка.

Извештајот од надзорот е достапен на линкот:

Колор медиа плус (The Economist)(член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 13.02.2025



Accessibility

Accessibility