Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 8-та седница ќе ја одржи на 24.02.2025 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот, во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 7-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 18.02.2025 година.
- Извештај за Годишна сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година со Предлог-одлука за усвојување на годишната сметка.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ЊУЗ ДООЕЛ Куманово, за прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ЊУЗ ДООЕЛ Куманово, за прекршување на член 14 од Законот за медиуми.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ДУЕ Назми ДООЕЛ Гостивар, за прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ и на членовите 20 и 21 од Правилникот за заштита на малолетни лица.
- Предлог за изрекување мерка јавна опомена на ТРД ТВ ДУЕ Назми ДООЕЛ Гостивар, за прекршување на член 92 став 1 од ЗААВМУ.
- Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за бруто плата и други надоместоци на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка– услуга: Превентивно и адаптивно одржување на интегриран софтвер за правно, финансиско и економско работење.
- Предлог за давање одобрување за донесување на одлука за набавка на услуга: градежно – занаетчиски работи со проценета вредност под вредносните прагови за примена на Законот за јавните набавки.
- Разно.