АВМУ ќе донира 1.500.000 денари за настраданите во пожарот во Кочани

Скопје, 19 март 2025 – Во врска со трагичниот пожар во Кочани, на денешната седница, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, донесе одлука за доделување на финансиска помош – донација во вкупен износ од 1.500.000,00 (еден милион и петстотини илјади) денари.

Донацијата се издвојува од финансиските средства на Агенцијата за 2025 година, а ќе се спроведе преку Црвениот крст на Република Македонија, на посебна наменска сметка – Фонд за солидарност.



Accessibility

Accessibility