Амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер во работна посета на АВМУ

Скопје, 21 март 2025 – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги      д-р Зоран Трајчевски вчера, во просториите на Агенцијата,  оствари работна средба со делегација на амбасадата на Република Франција, предводена од амбасадорот Кристоф Ле Риголер.

На самиот почеток на состанокот, амбасадорот Кристоф Ле Риголер изрази длабоко жалење за настраданите во трагичниот пожар во Кочани и ги пренесе пораките на сочувство и емпатија на францускиот народ во овие тешки моменти за македонските граѓани.

Во текот на средбата стана збор за работата на регулаторот и предизвиците со кои тој се соочува, за имплементацијата на македонската легислатива која е усогласена со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската Унија и потребата од нејзиното понатамошно усогласување со европските акти и стандарди, како и за Изборниот законик во делот за медиумите и за мониторингот на медиумското претставување на изборите.

На крајот на состанокот, соговорниците ги искажаа своите заложби за продлабочување и  интензивирање на заедничката соработка.



Accessibility

Accessibility