Одржан првиот јавен состанок на АВМУ за 2025 година

Скопје, 26 март 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа првиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во првиот квартал.

Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со спроведените програмски и административни надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и издавачите на печатени медиуми, како и изречените мерки јавна опомена за оние субјекти кои ги прекршиле Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На настанот беа споменати и активностите поврзани со меѓународната и европска соработка, покренатите постапки за одземање на дозволи за радиодифузерите, одлуките за одземање и доделување на дозвола за емитување програма, доделената донација од 1.500.000 денари за настраданите во пожарот во Кочани и др.

Презентацијата за реализираните активности согласно Годишната програма за работа за периодот јануари-март 2025 е достапна на линкот



Accessibility

Accessibility