Скопје, 21 мај 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изработи анализа за утврдување на оправданоста за даночни олеснувања за регионалните и локалните радиодифузери со цел да се утврди какви мерки за поддршка е потребно да се воведат за да се поттикне развојот и да се зајакне економската одржливост на регионалните и локалните радиодифузери, поаѓајќи пред се од нивната клучна улога за обезбедување медиумски плурализам и развој на демократските процеси во општеството.
Изработката на овој документ е предвидена во Стратешкиот план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој го опфаќа периодот од 2024 до 2028 година.
Податоците за економското работење на регионалните и локалните радиодифузери (вкупни приходи, структура на приходите и остварен финансиски резултат од работењето во периодот од 2018 до 2023 година) што се користени во анализата, се обезбедени од страна на самите радиодифузери (во рамки на исполнување на обврската од член 15 од Законот за медиуми, според која тие се должни најдоцна до 31ви март секоја година на регулаторот да му достават податоци, на посебен образец пропишан од страна на Агенцијата), а нивната валидност е проверена со податоците во завршните сметки на радиодифузерите.
Анализата може да се преземе на следниот линк.