Изработен извештај за Сопственоста на медиумите во 2025 година

Скопје, 27 јуни 2025 – Со цел да се зголеми транспарентноста на медиумската сопственост, односно на јавноста да ѝ се обезбеди лесен и директен пристап до податоците за физичките и правните лица кои се сопственици на медиумите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го изработи извештајот за Сопственоста на медиумите во 2025 година.

Извештајот содржи податоци за сопствениците на телевизиите, радиостаниците и издавачите на печатени медиуми, односно на домашните и странските правни и физички лица кои се јавуваат како директни или индиректни сопственици на медиумите.

Извештајот за Сопственоста на медиумите во 2025 година е достапен на следниот линк.



Accessibility

Accessibility