Конституиран новиот Совет на АВМУ

Скопје, 3 јули 2025 – Членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски, именувани од страна на Собранието на Република Северна Македонија на 24 јуни 2025 година, денеска одржаа конститутивна седница. На седницата, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Деловникот за работа на Агенцијата беа избрани претседател и заменик претседател. За претседател е избран Сашо Стефановски, додека за заменик претседателка е избрана Зирјета Хајро Јајага.

Во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги освен Сашо Стефановски и Зирјета Хајро Јајага, членуваат и Гордана Мајнова, Петар Џуровски, Афрона Врзиволи, Цветанка Миновскa и Виктор Павловски.

 



Accessibility

Accessibility