Отворена јавна расправа за Нацрт-упатството за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка

Скопје, 7 јули 2025г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвори јавна расправа за Нацрт-упатство за изменување и дополнување на Упатството за определување на рокот за постапување по решенијата на Агенцијата за преземање мерка.

Измената и дополнувањето на Упатството произлегува од измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 2023 година и измените од Законот за медиуми од 2025 година. Целта на овие промени е во Упатството да се утврдат рокови за постапување по мерките јавни опомени за новите субјекти (онлајн медиуми-интернет портали и даватели на услуга платформа за споделување видеа). Додадени се и рокови за новите одредби од ЗААВМУ за обезбедување пристапност до содржините на лицата со попреченост и за заштита на личните податоци на малолетните лица, како и предложено е усогласување на времетраењето на роковите за сите субјекти.

Агенцијата ги повикува онлајн медиумите-интернет порталите, давателите на услуга платформа за споделување видеа, операторите на јавна електронска комуникациска мрежа, сите радиодифузери и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа ќе трае 60 дена, заклучно со 4 септември 2025 година.



Accessibility

Accessibility