ТВ содржини кои ќе бидат прилагодени за лицата со попреченост за време на Локалните избори 2025

Скопје, 1.10.2025 -Јавниот радиодифузен сервис и телевизиите на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, во согласност со обврските од член 75 став 1 и став 4 од Изборниот законик, содржините поврзани со изборниот процес треба да ги емитуваат во формат пристапен за лицата со попреченост.

За време на изборната кампања за Локалните избори 2025 година, Јавниот радиодифузен сервис и телевизиите на државно ниво ќе обезбедат пристапност на најмалку едно издание на вести, во периодот од 16:00 до 24:00 часот, секој ден, и на најмалку една друга емисија поврзана со изборниот процес, во периодот од 16:00 до 24:00 часот, еднаш неделно.

Прегледот на содржините што ќе се емитуваат во формат достапен за лицата со попреченост е достапен на линкот



Accessibility

Accessibility