Извештај од надзор над изборното медиумско претставување на ТВ Гурра

Скопје,  7 октомври 2025 – При мониторингот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ Гурра, на 30 септември, 2, 3 и 4 октомври 2025 година, за време на првиот круг од Локалните избори 2025, Агенцијата констатираше дека во неколку реални часови емитувана програма се надминати дозволените лимити за платено политичко рекламирање, што е спротивно на Изборниот законик.

Со емитување платено политичко рекламирање за Коалицијата ВЛЕН, ТВ Гурра ги надмина дозволените лимити од најмногу 4 минути (240 секунди) на реален час за двете најголеми политички партии од позицијата кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови.

Со емитување платено политичко рекламирање за Коалицијата Национална алијанса за интеграција – НАИ,  надминати се дозволените лимити од најмногу 4 минути (240 секунди) за двете најголеми политички партии од опозицијата кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови.

Извештајот од мониторингот над изборното медиумско претставување на ТВ Гурра е достапен на следниот линк



Accessibility

Accessibility