Извршен вонреден програмски надзор врз кабелскиот оператор Вива Нет од Берово

Скопје, 17 октомври 2025 – Врз кабелскиот оператор Вива Нет од Берово, извршен е вонреден програмски надзор за законската обврска според која оперaторите се должни својот излезен сигнал со иста содржина на онаа што им е достапна на нивните претплатници, континуирано да го испорачуваат до локацијата за прибирање на сигнали лоцирана во секои од подрачјата на регионално ниво, заради негова натамошна дистрибуција до системот за програмски надзор на Агенцијата во Скопје[…]

ОД ДЕНЕСKA НА ПОЛНОЌ ПОЧНУВА ИЗБОРЕН МОЛК

Скопје, 17 октомври 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека изборната кампања за првиот круг од Локалните избори трае до 24:00 часот на 17 октомври 2025 година. Од 18 октомври заклучно со 19:00 часот на 19 октомври важат правилата за изборен молк.[…]

Редовни програмски надзори врз операторите Глобалсат и КДС-Кабел Нет

Скопје, 15 октомври 2025 – Агенцијата изврши редовни програмски надзори врз операторите Глобалсат и КДС-Кабел Нет за обврската во програмскиот пакет којшто го реемитуваат задолжително и бесплатно да ги обезбедат програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис, како и за обврските за регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитуваат.[…]

Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

Скопје, 13 октомври 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење во врска со Локалните Избори 2025, може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на првиот круг од изборите, односно најдоцна до 24:00 часот на 13 октомври 2025 година.[…]

Контролни програмски надзори врз ТВ Канал Феста, ТВ Плус и ТВ Ускана Медиа

Скопје, 10 октомври 2025  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролни програмски надзори врз ТВ Канал Феста, ТВ Плус и ТВ Ускана Медиа за почитувањето на обврските за емитување изворно создадена програма.[…]

И УПРАВЕН СУД ЈА ОТФРЛИ ТУЖБАТА НА ЛЕВИЦА ПРОТИВ АВМУ

Скопје, 9 октомври 2025 – Управниот Суд, на седницата одржана на 6 октомври 2025 година, донесе Решение со кое ја отфрли тужбата на политичката партија Левица за поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.[…]

СУДOT ОДБИ ДЕЛ ОД ТУЖБАТА НА ЛЕВИЦА ПРОТИВ АВМУ

Скопје, 8 октомври 2025 – Основниот граѓански суд Скопје, на 3 октомври 2025 година, донесе Решение со кое како неоснован го одби предлогот од тужбата на политичката партија Левица против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за издавање привремена мерка со која на АВМУ ќе ѝ се забрани: до комерцијалните медиуми да го достави Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, а до Државната изборна комисија – да го достави извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање (ППР), врз основа на кој ДИК ги распределува и исплаќа средствата за ППР.[…]

Изготвен извештај за предизборното медиумско претставување од 10 август до 28 септември 2025

Скопје, 7 октомври 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги  изготви Извештај од мониторингот на радиодифузерите во периодот од распишување на изборите до почетокот на кампањата за Локалните избори, односно од 10 август до 28 септември 2025 година.[…]

АВМУ најостро го осудува навредливиот говор на Зоран Божиновски

Скопје, 7 октомври 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува говорот кој главниот и одговорен уредник на „burevеsnik.info“ Зоран Божиновски го користи во своите објави на социјалната мрежа Фејсбук, насочен кон новинари и новинарки.[…]

Извештај од надзор над изборното медиумско претставување на ТВ Гурра

Скопје,  7 октомври 2025 – При мониторингот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ Гурра, на 30 септември, 2, 3 и 4 октомври 2025 година, за време на првиот круг од Локалните избори 2025, Агенцијата констатираше дека во неколку реални часови емитувана програма се надминати дозволените лимити за платено политичко рекламирање, што е спротивно на Изборниот законик.[…]



Accessibility

Accessibility