Скопје, 5 ноември 2025 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изработи Извештај за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за време на првиот круг од изборната кампања за Локалните избори, од 29 септември до 17 октомври 2025 година.
Податоците во Извештајот се добиени преку мониторинг на емитуваното платеното политичко рекламирање кај радиодифузерите и дополнително се проверени низ постапката на потврдување на извештаите за реализирани услуги на радиодифузерите.
Од 75 радиодифузери (33 ТВ и 42 РА) регистрирани во Регистарот на ДИК за емитување платено политичко рекламирање (ППР) за Локалните избори 2025, во првиот круг од изборната кампања, вкупно 68, склучија договори со учесниците во изборната кампања – 33 телевизии и 35 радија.
Извештајот за платеното политичко рекламирање на радиодифузерите за првиот круг од изборната кампања за Локалните избори 2025 е достапен на линкот.