Скопје, 17 ноември 2025 – На денешната 18 седница за 2025 година, Советот на Агенцијата ги усвои Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2026 годинa (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги), Нацрт-годишниот план за вршење административен надзор во 2026 година и Нацрт-годишниот план за вршење програмски надзор во 2026 година.
За текстовите на Нацрт-документите е отворена јавна расправа за која Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа и истите да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.
Јавната расправа ќе трае до 17 декември 2025 година.