Скопје, 19.12.2025 – Јавниот радиодифузен сервис и телевизиите на државно ниво што ќе објавуваат платено политичко рекламирање, во согласност со обврските од член 75 став 1 и став 4 од Изборниот законик, содржините поврзани со изборниот процес треба да ги емитуваат во формат пристапен за лицата со попреченост.
За време на изборната кампања за Повторните избори за градоначалник на општините: Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа 2026 година, овие телевизии ќе обезбедат пристапност на најмалку едно издание на вести, во периодот од 16:00 до 24:00 часот, секој ден, и на најмалку една друга емисија поврзана со изборниот процес, во периодот од 16:00 до 24:00 часот, еднаш неделно.
Прегледот на содржините што ќе се емитуваат во формат достапен за лицата со попреченост во периодот од 22 декември 2025 до 9 јануари 2026 е достапен на линкот.