Скопје, 25 декември 2025 – Советот на Агенцијата на денешната 24-та седница, усвои Водич за инфлуенсер(к)и, влогер(к)и, креатор(к)и на содржини, за кој претходно беше отворена јавна расправа.
Целта на Водичот е да се обезбеди почитување на одредбите на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и од подзаконските акти, од страна на инфлуенсер(к)и, влогер(к)и, креатор(к)и на содржини. Водичот ги сублимира сите одредби од Законот и од подзаконските акти што треба да ги почитуваат и мерките што треба да ги преземат за да се обезбеди нивна доследна примена.
Овие одредби важат за инфлуенсер(к)и, влогер(к)и, креатор(к)и на содржини кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, односно за оние кои ги исполнуваат критериумите утврдени во Правилникот за физичките лица даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање (инфлуенсер(к)и, влогер(к)и, креатор(к)и).