Скопје, 10 март 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го објави Истражувањето на мислењето и ставовите на јавноста во врска со медиумите.
Истражувањето беше спроведено во периодот од 27 декември 2025 година до 25 јануари 2026 година, со цел да се добие увид во перцепциите, навиките и ставовите на граѓаните во однос на медиумите и медиумските содржини.
Примерокот е репрезентативен на национално ниво и е структуриран според пол, возраст, регион, етничка припадност и тип на населено место, согласно податоците од Пописот на резидентното население од 2021 година. На овој начин се обезбедува релевантност и веродостојност на добиените резултати, кои ја отсликуваат перцепцијата на јавноста во државата.
Резултатите од истражувањето обезбедуваат важни сознанија за начинот на кој граѓаните ги користат медиумите, нивното ниво на доверба во медиумите, како и ставовите за медиумската содржина и улогата на медиумите во општеството.
Истражувањето на мислењето и ставовите на јавноста во врска со медиумите е достапно на следниот линк