Партиите да не етикетираат новинари, а медиумите да ги почитуваат новинарските стандарди

Скопје, 4 април 2026 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во врска со објавата на политичката партија СДСМ поврзана со уредувачката политика на интернет порталот „ИНФОМАКС“, потсетува дека јавната комуникација треба да биде конструктивна и професионална.

Политичките партии треба да се воздржат од етикетирање и дискредитирање на новинарите и медиумите, бидејќи таквите практики ја поткопуваат довербата во јавниот дискурс и можат негативно да влијаат врз слободата на медиумите и демократските процеси.

Истовремено, медиумите и новинарите имаат обврска да известуваат професионално, објективно и непристрасно, придржувајќи се кон новинарските стандарди и етичките принципи, со цел обезбедување точни и навремени информации од јавен интерес.



Accessibility

Accessibility