Извештај за изборното медиумско претставување во вториот круг од изборната кампања

Скопје, 10 мај 2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го објави извештајот за изборното медиумско претставување на радиодифузерите во периодот од 22 април до 3 мај 2019 година. Во него се прикажани показателите за начинот на известување на 21 медиум, наодите за преостанатите 11 регионални и локални телевизии кои беа предмет на овој мониторинг ќе бидат објавени во посебен извештај.[…]

ДКСК оцени дека АВМУ не го прекршила Изборниот законик со привремените вработувања

Скопје, 9 мај 2019 – Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) оцени дека Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не го прекршила Изборниот законик и Законот за спречување корупцијата и судирот на интереси со временото ангажирање на две лица – правници во текот на изборниот процес за претседателските избори 2019 година.[…]

Надзор над изборното медиумско претставување на ТВ Кобра и ТВ М

Скопје, 8 мај 2019 – При надзорот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ М од Охрид, емитувана на 2 и 3 мај 2019 година, утврдено е прекршување на правилата за платено политичко рекламирање. […]

Вонреден програмски надзор врз 1 ТВ – начела за вршење на дејноста

Скопје, 6 мај 2019 – По добиена претставка, врз емисијата „Правда и неправда“ и самопромотивната најава за оваа емисија, емитувана на 16 април на 1 ТВ, извршен е вонреден програмски надзор за почитувањето на начелата за вршење на дејноста.[…]

Светски ден на слобода на медиумите

Скопје, 3 мај 2019 – Во светло на денешното одбележување на Светскиот ден на слобода на медиумите, кој годинава се одржува под мотото „Медиуми за демократија: новинарството и изборите во време на дезинформации“, потсетуваме дека само професионалните и независни медиуми придонесуваат за општествен и демократски развој. […]

ИЗВЕШТАИТЕ ЗА ЕМИТУВАНОТО ППР ОД 8 АПРИЛ ДО 3 МАЈ ДА СЕ ДОСТАВАТ ДО 7 МАЈ

Скопје, 02.05.2019 – Според Изборниот законик, пред исплата на трошоците за емитуваното ППР од страна на ДИК, Агенцијата е должна на 7-от ден по завршување на кампањата од вториот круг на изборите, до ДИК да достави извештај за вкупното времетраење на платеното политичко рекламирање што било емитувано кај секој радиодифузер од 8 април до 3 мај 2019 година. […]

Не смее да се објавуваат анкети, изборниот молк почнува на 4 мај

Скопје, 30 април 2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, од денес не може да се објавуваат резултати од испитувања на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес.[…]

Извештај за вторите десет дена од првиот круг од кампањата за Изборите 2019

Скопје, 25.04.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, денес го објави Вториот извештај за начинот на известување на радиодифузерите во периодот од 10 до 19 април 2019 година. Исто како и првите девет дена од кампњата, со мониторингот беа опфатени вкупно 32 програмски сервиси, односно 15 програмски сервиси на национално ниво (13 ТВ и две радија), 17 регионални и локални телевизии.[…]

Дополнети извештаи од административен надзор – јавност во работата на радиодифузерите

Скопје, 23 април 2019 година – По извршениот редовен надзор врз сите 120 радиодифузери, реализиран на 22 април 2019 година и констатирано прекршување кај ТВ Канал Вис од Струмица и МХ Радио од Охрид, во однос на обврската до 31 март 2019 година да достават до Агенцијата,[…]

Извештај од надзор над изборното медиумско претставување на 1 ТВ

Скопје, 23 април 2019 година – При надзор над изборното медиумско претставување на програмата на 1 ТВ, емитувана на 22 април 2019 година, констатирано е прекршување на правилото за eмитување платено политичко рекламирање.[…]



Accessibility

Accessibility