26.02.2013г. Потсетување на радиодифузерите за правилата во врска со потврдените кандидати за локалните избори

Советот за радиодифузија ги потсетува радиодифузерите дека личностите кои од страна на надлежните изборни органи се потврдени како кандидати за градоначалници или за членови на советите на локалната самоуправа, не смеат да се појавуваат во програмите на радијата и телевизиите од моментот на потврдувањето до започнување на изборната кампања.[…]

14.02.2013г. Советот за радиодифузија го честита Cветскиот ден на радиото

Денот 14 февруари 2013 година е прогласен како Светски ден на радиото од страна на УНЕСКО. Целта е да се подигне свесноста за значењето на радиото меѓу јавноста и медиумите, да се охрабри вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите, да се промовира пристапот до информации и слободата на изразување преку брановите на овој медиум.[…]

21.01.2013г. Соoпштение за медиумите за потсетување на обврските што произлегуваaт од изборната регулатива

Советот за радиодифузија на РМ уште еднаш ги потсетува телевизиите и радијата дека во периодот до почетокот на изборната кампања не смеат да емитуваат содржини со кои непосредно или посредно промовираат ставови, програми, платформи, достигнувања, активности и др. на политички партии, коалиции, групи избирачи и нивни претставници.[…]

28.12.2012г. Промовиран Модул за мониторинг и стручен надзор над операторите на јавни комуникациски мрежи

Советот за радиодифузија заедно со Агенцијата за електронски комуникации изработи веб апликација која е дополнителен модул на „Системот за електронски регистер на јавни комуникациски мрежи“. Станува збор за проект кој е резултат на  Меморандумот за соработка помеѓу СРД и АЕК потпишан во јуни 2012 година.[…]

28.12.2012г. Советот повикува да им се овозможи на новинарите непречено да ги извршуваат своите обврски

Советот за радиодифузија, како независно регулаторно тело, при остварување на своите надлежности се грижи за слободата и плурализмот на изразувањето. Во врска со неодамнешните случувања во Собранието на  Република Македонија и отстранувањето на новинарите, Советот ги повикува сите институции и политички субјекти да им овозможат на претставниците на медиумите непречено извршување на нивните професионални задачи.[…]

28.12.2012г. Презентација на модул за мониторинг и стручен надзор над операторите на јавни комуникациски мрежи

Советот за радиодифузија и Агенцијата за електронски комуникации, во текот на утрешниот ден (28 декември 2012 година), организираат презентација на дополнителниот модул на Софтверот за електронски регистар на јавни телекомуникациски мрежи.[…]

16.11.2012г. Национален семинар „Развојни политики на аудиовизуелните медиумски услуги во услови на дигитално земско емитување“.

Скопје, 16 ноември 2012 година. Како дел од активностите предвидени со регионалниот проект на Југоисточна Европа – Digi TV, во  организација на Советот за радиодифузија денеска се одржа национален семинар на тема „Развојни политики на аудиовизуелните медиумски услуги во услови на дигитално земско емитување“.[…]

10.10.2012г. Работен состанок со радијата

 

СКОПЈЕ – 10.10.2012 – Советот за радиодифузија (СРД) денеска беше домаќин на работен состанок  со претставниците на радијата на национално и на регионално ниво. Овој состанок беше посветен на неколку аспекти од работењето на радиостаниците во Република Македонија, при што беа разгледани конкретни проблеми при спроведувањето на правилата за рекламирање и спонзорство.[…]



Accessibility

Accessibility