Седница бр.16 (I продолжение) и Седница бр.17- 21.04.2017

image_pdfimage_print

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, 17-та седница ја закажува за 21.04.2017 година (петок), со почеток во 13:30 часот.

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

1. Усвојување на Предлог-записник од 16-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 12.04.2017 година.

2. Предлог-одлука за објавување на јавен конкурс за доделување 1 (една) дозвола за радио емитување на непрофитна радиодифузна установа, на ромски и македонски јазик, на локално ниво.

3. Информација во врска со доставената Опомена пред тужба со Изјава за откажување од заложното право воспоставено врз основа на Договор за финансирање радио/телевизиска програма од јавен интерес од Радиодифузното друштво СКАЈ НЕТ – Манчев ДООЕЛ Скопје.

4. Предлог-одлука за потреба од јавна набавка: Мобилна телефонија.

5. Предлог-одлука за потреба од јавна набавка: Систематски прегледи.

6. Предлог-одлука за потреба од набавка на услуга – електронска препорачана испорака на документи (Е-ПРАТКА).

7. Разно.



Accessibility

Accessibility