Директива 93/83/ЕЕС – во однос на координирањето одделни правила во однос на авторските права и другите сродни права применливи кон сателитското емитување и кабелското реемитување
ДИРЕКТИВА НА СОВЕТОТ 93/83/ЕЕС од 27 септември 1993 година во однос на координирањето на одделни правила во однос на авторските права и другите сродни права применливи кон сателитското емитување и кабелското реемитување.
СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ
Имајќи ја предвид Повелбата за основање на Европската економска заедница, а посебно членовите 57 (2) и 66 од овој акт,
Имајќи ги предвид предлозите од Комисијата (1),
Во соработка со Европскиот Парламент (2),
и во однос на мислењето од Економскиот и социјален комитет (3),
(1) Онаму каде целите на заедницата, како што е наведено во Повелбата, вклучуваат основање на уште потесна унија меѓу жителите на Европа, со што ќе се зајакнат меѓусебните односи меѓу државите кои и припаѓаат на заедницата и со што ќе обезбедат економски и социјален прогрес на заедницата на држави преку заедничко делување, со цел да се елиминираат бариерите кои создаваат поделби во Европа;
(2) Онаму, каде до тој момент, Повелбата дозволува основање на заеднички Пазар и област без внатрешни граници; онаму каде мерките за остварување на ова предвидуваат напуштање на пречките за слободен проток на услуги и на институционалниот систем, обезбедувајќи сигурност дека конкуренцијата на заедничкиот Пазар не е нарушена; онаму каде Советот може да усвои директиви за координација на одредбите донесени со закон, регулативи или административни акции во земјите-членки во однос на преземањето и спроведувањето на активности за самовработени лица;
(3) Онаму каде се емитува сигнал надвор од границите на заедницата, посебно преку сателит или кабелски систем, кои се сметаат за еден од најважните начини за задоволување на овие цели на Заедницата, кои се истовремено политички, економски, социјални, културни и правни;
(4) Онаму каде Советот веќе има ја усвоено Директивата 89/552/ЕЕЦ од 3 октомври 1989 година во однос на координирањето на одредени одредби наведени со закон, регулативи или административни активности во земјите-членки во однос на остварувањето на активностите за телевизиско емитување (4), со што се одредуваат одредбите за промоција и дистрибуција на продукцијата од европските телевизиски програми за рекламирање и спонзорство, заштита на малолетните лица и правото на одговор;
(5) Онаму каде остварувањето на овие цели во однос на прекуграничното сателитско емитување и кабелската трансмисија на програма од други земји-членки во моментов сеуште се попречува преку бројни разлики меѓу националните правила за заштита на авторските права и до одреден степен поради правната несигурност; што значи дека сопствениците на овие права се изложени на закана од експлоатација на нивната работа без надоместок или компензација или пак дека индивидуалните сопственици на ексклузивни права во различни земји-членки ја блокираат експлоатацијата на нивните права; онаму каде правната несигурност посебно создава директна пречка за слободна циркулација на програми во Заедницата;
(6) Онаму каде се прави разлика во однос на целите на авторските права меѓу комуникацијата со јавноста директно преку сателит и комуницирањето со јавноста преку комуникациски сателит; во услови кога веќе не постои оправдание за различниот правен третман, со оглед на тоа што во денешно време индивидуалната рецепција е можна и достапна преку двата типа на сателит;
(7) Онаму каде слободното емитување програми е попречено од моменталната правна несигурност во однос на емитувањето преку сателит чиј сигнал може да биде примен директно и кој ги нарушува правата единствено во земјата од каде се емитува или пак во сите земји на прием; онаму, каде со оглед на тоа што комуникациските сателити и директните сателити се третираат различно во однос на целите за заштита на авторските права, оваа правна несигурност сега влијае врз скоро сите програми кои се емитуваат во заедницата преку сателит;
(8) Онаму, каде дополнителната правна сигурност, која претставува предуслов за слободното емитување во заедницата, недостасува и каде каналите кои се емитуваат прекугранично се дистрибуираат преку кабелски мрежи;
(9) Онаму каде развојот на остварувањето на правата врз основа на договор за авторизација веќе остварува значаен придонес кон создавањето на посакуваната Европска аудиовизуелна област; онаму каде продолжувањето на таквите договори треба да биде обезбедено и нивната лесна практична апликација треба да биде промовирана секогаш кога тоа е можно;
(10) Онаму каде кабелските оператори не можат да бидат сигурни дека ги собрале сите програмски права покриени од таквиот договор;
(11) Онаму, каде страните во различните земји-членки не се обврзани со слични обрски кои ги спречуваат да одбијат преговори без валидна причина, за давање на овие права неопходни за кабелска дистрибуција или пак дозволувајќи таквите права да пропаднат;
(12) Онаму каде правната рамка за создавање на единствена аудиовизуелна област наведена во Директивата 89/552/ЕЕЦ мора да биде надополнета со референца кон авторските права;
(13) Онаму каде треба да се стави крај на разликите во третманот на емитувањето на програмите преку комуникациските сателити кои постојат во земјите-членки, со цел виталните разлики ширум заедницата да станат предмет или аспект на заштита и се претставени во јавноста; онаму каде ова исто така ќе осигура еднаков третман на обезбедувачите на прекугранично емитување, без разлика дали користат сателити за директно емитување или комуникациски сателити;
(14) Онаму каде правната несигурност во однос на правата кои треба да бидат стекнати и со што се попречува прекугранично сателитско емитување треба да биде надмината преку дефинирање на акт за комуникација со јавноста преку јавен сателит на ниво на заедницата; онаму каде оваа дефиниција треба истовремено да наведе каде се применува актот за комуникација; онаму каде таквата дефиниција е неопходна за избегнување на кумулативна апликација на неколку национални закони кон еден акт за радиодифузија; каде комуникацијата со јавноста преку сателит се случува единствено кога (а во земјите-членки и каде) сигналот-носител на програма е ставен под контрола и одговорност на радиодифузна организација преку непоременет синџир на комуникација кој води до сателитот и назад до земјата; каде нормалните технички процедури во однос на носечкиот сигнал не треба да се сметаат за реметење на синџирот на емитување;
(15) Онаму каде прифаќањето на договорна основа за ексклузивни радиодифузни права треба да биде во согласност со законодавството и правата поврзани со авторските права во земјата-членка во која се одвива комуникацијата со јавноста преку сателит;
(16) Каде принципот на договорна слобода на кој е заснована и оваа Директива ќе овозможи продолжување на лимитирањето на експлоатацијата на овие права, посебно доколку тоа се однесува на одредени технички средства за трансмисија или пак на верзии на одреден јазик;
(17) Онаму каде при уследувањето на плаќањето кое треба да се реализира за стекнатите права, страните треба да ги земат предвид сите аспекти на емитувањето, како што е постоечката публика, потенцијалната публика и јазичната верзија;
(18) Онаму каде примената на принципот за “земја од потекло” содржан во оваа Директива може да предизвика проблем во однос на постоечките договори; Онаму каде Директивата треба да обезбеди период од пет години за постоечките договори да се применат во духот на Директивата, ако тоа е потребно; каде наведениот принцип на земја од потекло не треба да се применува кон постоечките договори кои истекуваат пред 1 јануари 2000 година; во случаи кога до тој датум страните се уште имаат интерес во однос на договорот, на истите страни треба да им биде дозволено повторно да преговараат по условите од договорот;
(19) Во случаи каде постоечките договори за копродукција мора да бидат интерпретирани во духот на економските потреби и опсег предвиден од страните при потпишувањето; каде во минатите договори за меѓународна копродукција честопати се осврнувале кон комуникацијата со јавноста преку сателит во контекст на содржината на оваа Директива како посебна форма на нивната експлоатација; во случаите каде водечката филозофија на голем број меѓународни договори за копродукција вели дека правата во копродукцијата се уживаат одделно и независно од страна на секој копродуцент, со поделба на правата за експлоатација меѓу нив по должина на територијалните линии; во случаи каде, по општо правило, комуникацијата со јавноста преку сателит авторизиран од еден копродуцент ќе ја наговести вредноста на правата на експлоатација од страна на другиот копродуцент, интерпретацијата на таквиот договор нормално би сугерирала дека вториот копродуцент ќе треба да ја даде својата согласност за авторизација кон првиот копродуцент, во однос на комуникацијата со јавноста преку сателит; во случаи каде јазичната ексклузивност на вториот копродуцент ќе биде претпоставена во случаи кога јазичната верзија или верзии на комуникација со јавноста, вклучувајќи ги и случаите на титл или јазична синхронизација, коинцидира со јазикот или јазиците кои општо се разбираат на територијата наведена во договорот како територија покриена од вториот копродуцент; во случајот каде прашањето за ексклузивитет треба да биде разбрано во поширок смисол, односно каде комуникацијата со јавноста преку сателит се однесува и на работи кои подразбираат само видео прикази и не содражат дијалози или титл; во случаи каде е потребно јасно правило во однос на тоа кога меѓународен договор за копродукција јасно не ја регулира поделбата на правата во конкретниот случај на комуницирање со јавноста преку сателит во контекст на значењето на оваа Директива;
(20) во случаи каде комуникацијата со јавноста преку сателит од страна на земји кои не се членки во одредени случаи ќе се смета за појава во земјите-членки на Заедницата;
(21) Во случаите кога е неопходно да се обезбеди заштита за авторите, изведувачите, продуцентите на фонограмски и радиодифузни организации и кога ова е прифатено во сите земји членки и кога ова не е предмет на статутарен лиценцен систем; онаму каде единствено на овој начин е возможно да се обезбеди сигурност дека секоја разлика во однос на заштитата на заедничкиот Пазар нема да создаде пореметувања во однос на конкуренцијата;
(22) Во случаи каде развојот на нови технологии може да има влијание и врз квалитетот и квантитетот на експлоатацијата на работите и на други субјективни работи;
(23) Во случаи каде во контекст на ваквиот развој нивото на заштита дадено со оваа Директива на сите сопственици на правото во областите покриени со оваа Директива треба да остане предмет на размислување;
(24) Во случаи каде хармонизацијата на законодавството предвидена во оваа Директива ја обезбедува хармонизацијата на одредбите, обезбедувајќи висок степен на заштита на авторите, изведувачите, фонопродуцентите и на радиодифузните организации; во случаите каде оваа хармонизација не треба да и дозволи на радиодифузната организација да ги искористи предностите во однос на нивоата на заштита преку алокација на активности до дистрибуција на аудиовизуелни продукции;
(25) Во случаи каде заштитата обезбедена со авторските права треба да биде усогласена со Директивата на Советот 92/100/ЕЕЦ од 19 ноември 1992 година во однос на правата на заем и правата на давање под заем како и во однос на одредени права поврзани со авторските права во полето на интелектуалната сопственост (5) за целите на комуникацијата со јавноста преку сателит; во случаи каде ова посебно ќе обезбеди сигурност дека изведувачите и фонопродуцентите имаат гарантирана исплата за комуникацијата со јавноста преку сателит во однос на нивните изведби и фоно записи;
(26) Во случаите каде одредбите од членот 4 не ги спречуваат земјите-членки да ја прошират презумцијата наведена во член 2 (5) од директивата 92/100/ЕЕЦ во однос на ексклузивните права кои се однесуваат на членот 4; во случаите каде одредбите од член 4 не ги спречуваат земјите-членки да обезбедат променлива презумција на авторизација на експлоатацијата во контекст на ексклузивните права на изведувачите наведени во тој член, до тој степен што таа презумција е компатибилна со меѓународната конвенција за заштита на изведувачите, продуцентите и фонограмските и радиодифузните организации;
(27) Онаму каде кабелското реемитување на програми од други земји-членки е предет на авторски права и, во дадениот случај, е предмет на авторски права; онаму каде, поради ова, кабелскиот оператор мора да се стекне со авторизација од секој имател на овие права во секој дел од реемитуваната програма; онаму каде, според оваа директива, авторизацијата треба да биде издадена на база на договор, освен ао не се обезбедени привремени исклучоци во однос на постоечките законски шеми за лиценцирање;
(28) во случаите каде, со цел да се обезбеди сигурност дека лесното изведување на договорите не е доведено во прашање поради интервенции од надворешни лица кои ги поседуваат овие права во индивидуални делови од програмата, каде треба да се наведат одредби, преку обврската да се поседува мислење во однос на јавноста во однос на ексклузивната колективна примена на правото на авторизација до степен што ова е предмет на посебните карактеристики на кабелското реемитување; во случаите каде правото на авторизација како такво останува недопрено и единствено уживањето на ова право е регулирано до одреден степен, така што правото на авторизација за кабелско реемитување се уште може да биде назначено; во случаите каде оваа Директива не влијае врз уживањето на моралните права;
(29) Во случаите каде исклучоците предвидени во членот 10 не треба да го ограничуваат изборот на имателите на правата за префрлање на нивните права на збирни заедници и за тоа имаат директен удел во плаќањето од страна на кабелскиот дистрибутер за кабелското реемитување;
(30) Во случаите каде договорите во однос на авторизацијата за кабелско реемитување треба да бидат промовирани преку додатни мерки; во случаите каде една страна бара заклучоци за општ договор треба, во својот дел, да биде обврзана да достави колективни предлози за договорот; во случаите каде на било која страна ќе и биде дозволено, во секој момент, да побара помош од независни медијатори чија задача е да помогне во преговорите и кој може да поднесе предлози; во случаите каде сите такви предлози и сите противења кон нив треба да им бидат доставени на засегнатите страни заедно со применливи правила во однос на условите од законските документи, посебно оние кои се наведени во постоечките меѓународни конвенции; конечно, во случаите кога е неопходно да се обезбеди сигурност дека преговорите нема да бидат блокирани без валидно оправдување или дека индивидуалните сопственици нема да бидат спречени без валидно оправдување да земат учество во преговорите; во случаите каде ниту една од овие мерки за промоција на остварувањето на овие права не ја доведува во прашање договорната природа на преземањето на правата за кабелско реемитување;
(31) во случаите каде во транзициониот период на земјите-членки треба да им биде дозволено да ги задржат постоечките тела со јурисдикција на сопствената територија во однос на случаите каде правата за реемитување на програма преку кабелски систем за јавноста биле неразумно одбиени или понудени под неразумни услови за радиодифузната организација; во случаите каде е разбирливо дека правото на засегнатите страни да бидат слушнати од телото треба да бидат гарантирани и дека постоењето на тоа тело не треба да ги спречи засегнатите страни да имаат нормален пристап до судовите;
(32) Во случаите каде правилата на Заедницата не се потребни за справување со овие прашања, а ефектите од тоа, можеби со некои комерцијално незначителни исклучоци, се чувствуваат единствено внатре во границите на една земја-членка;
(33) Онаму каде треба да бидат наведени минимум правила со цел да се заснова и гарантира слободно и непореметено прекугранично емитување преку сателит и симултано, непроменето реемитување преку кабелски систем на програми емитувани од други земји-членки врз основа на договор;
(34) Во случаи каде оваа Директива не треба да прејудицира понатамошна хармонизација во полето на заштитата на авторските права и колективната администрација на таквите права; во случаи каде можноста за земјите-членки да ги регулираат активностите за збирни заедници не треба да ја прејудицира слободата на договорните преговори за правата обезбедени со оваа Директива, во однос на разбирањето дека таквите преговори се случуваат во рамките на општите или специфичните национални правила во однос на законот за конкуренција или пак законот за превенција од злоупотреба на монополите;
(35) Онаму каде, поради горе кажаното, земјите-членки треба да ги надополнат општите одредби потребни за остварување на целите од оваа Директива преку преземање на законодавни и административни мерки во домашните закони, под услов тие да не се спротивни со целите на оваа Директива и да бидат компатибилни со законот на заедницата;
(36) Онаму каде Директивата не влијае врз применливоста на правилата за конкуренција од членовите 85 и 86 од Договорот;
ЈА УСВОИ ОВАА ДИРЕКТИВА:
Глава 1 дефиниции
Член 1
Дефиниции. 1. За целите на оваа директива, “сателит” значи било кој сателит кој делува преку фреквенции кои, според законот за телекомуникации, се резервирани за емитување на сигнали за прием од јавноста или кои се резервирани за затворена комуникација, односно комуникација меѓу две точки. Сепак, во вториот случај, околностите под кои се случува индивидуалниот прием мора да бидат споредливи со оние кои се применуваат во првиот случај.
2 (а) За целите на оваа Директива, “комуникација со јавноста преку сателит” се однесува на актот на претставување, под контрола и одговорност на радиодифузната организација, на сигнал кој носи програма, наменета за прием од јавноста преку непореметен комуникациски синџир кој води од сателитот до земјата.
(б) Актот на комуникација со јавноста преку сателит се случува единствено во земјите-членки каде, под контрола и одговорност на радиодифузната организација, сигнали кои носат програма се претставуваат преку непореметен синџир на комуникација кој води од сателитот до земјата.
(в) Ако носечките сигнали на програма се кодирани, тогаш постои комуникација со јавноста преку сателит под услов да се обезбедат средства за дешифрирање за јавноста од страна на радиодифузната организација или пак со нејзина согласност.
(г) Онаму каде актот на комуницирање со јавноста преку сателит се случува во земја надвор од заедницата, која не обезбедува ниво на заштита како што е предвидено во глава 2;
(i) Ако носечките сигнали на програма се емитуваат до сателит преку линк лоциран во земја-членка, тој акт на комуникација со јавноста преку сателит ќе биде сметан како да се појавил во земја-членка и правата обезбедени во Глава 2 ќе бидат применливи против лицата кои оперираат со линк станицата; или
(ii) ако нема употреба на линк станица лоцирана во земја-членка но радиодифузна организација основана во земја-членка го засновала актот за комуникација со јавноста преку сателит, тој акт ќе биде оценет како да се појавил во земјата-членка во која радиодифузната организација оригинално е основана и правата обезбедени во Глава 2 ќе бидат применливи против истата радиодифузна организација.
3. За целите на оваа Директива, “кабелско реемитување” значи симултано, непроменето и непопречено реемитување преку кабелски или микробранов систем за прием од јавноста на иницијална трансмисија од друга земја-членка, преку жица или воздух, вклучувајќи го и преносот преку сателит, на телевизиски и радио програми наменети за прием од јавноста.
4. За целите на оваа Директива “збирна заедница” значи било која организација која управува или администрира со авторски права или права поврзани со авторството како нејзина единствена цел или како дел од нејзините главни цели.
5. За целите на оваа Директива, главниот директор на кинематографските или аудиовизуелните дејности ќе се смета за автор или еден од авторите. Земјите-членки можат да им дозволат на други да бидат сметани за коавтори.
ГЛАВА 2 ЕМИТУВАЊЕ ПРОГРАМИ ПРЕКУ САТЕЛИТ
Член 2
Право на радиодифузија. Земјите-членки ќе обезбедат ексклузивни права за авторот да ја авторизира комуникацијата со јавноста преку сателит со авторски права кои се предмет на одредби наведени во ова поглавје.
Член 3
Стекнување на права за радиодифузија 1. Земјите-членки ќе обезбедат сигурност дека авторизацијата која се споменува во членот 2 може да биде добиена само преку договор.
2. Земја-членка може да одреди дека колективниот договор меѓу збирната заедница и радиодифузната организација во однос на дадени категории дејности може да се прошири на имателите на правата од истата категорија кои не се застапени во колективната заедница, под следните услови:
– комуникацијата со јавноста преку сателит пренесува терестријално емитување од ист радиодифузер, и
– Незастапениот сопственик на права во секое време ќе ја има можноста да го прекине проширувањето на колективниот договор за својата работа и за уживањето на неговите права било колективно, било индивидуално.
3. Ставот 2 нема да се применува за кинематографски работи, вклучувајќи и работи создадени преку аналоген процес на кинематографијата.
4. Онаму каде законот на земјата-членка обезбедува продолжување на колективниот договор во согласност со одредбите од став 2, земјите-членки ќе ја информираат Комисијата за тоа кои радиодифузни организации ќе можат да ползуваат од тој закон. Комисијата ќе ја објави оваа информација во Службениот весник на европските заедници (серија Ц).
Член 4
Права на изведувачите, фонограмските продуценти и радиодифузните организации. 1. За целите на комуникацијата со јавноста преку сателит, правата на изведувачите, фонограмските продуценти и радиодифузните организации ќе бидат заштитени согласно со одредбите од членовите 6, 7, 8 и 10 од Директивата 92/100/ЕЕЦ.
2. За целите од став 1, “радиодифузија преку безжични средства” во Директивата 92/100/ЕЕЦ ќе биде разбрано вклучувајќи ја и комуникацијата со јавноста преку сателит.
3. Во однос на уживањето на правата наведени во став 1, ќе се применуваат членовите 2 (7) и 12 од Директивата 92/100/ЕЕЦ.
Член 5
Врската меѓу авторските права и другите сродни права, односно Заштитата на авторските и другите сродни права според оваа Директива ќе ја остави недопрена и во ниеден случај нема да влијае на заштитата на авторските права.
Член 6
Минимална заштита. 1. Земјите-членки можат да обезбедат подалекусежна заштита за имателите на авторски права од онаа заштита која се нуди во Член 8 од Директивата 92/100/ЕЕЦ.
2. При примената на став 1, земјите-членки ќе ги почитуваат дефинициите содржани во Член 1 (1) и (2).
Член 7
Преодни одредби 1. Во однос на примената во секој момент на правата наведени во член 4 (1) од оваа Директива, член 13 (1), (2), (6) и (7) од Директивата 92/100/ЕЕЦ ќе се применуваат на сличен начин.
2. Договорите во однос на експлоатацијата на работите и другите заштитени прашања кои се на сила на датумот споменат во член 14 (1) ќе бидат предмет на одредбите од членовите 1 (2), 2 и 3 почнувајќи од 1 јануари 2000 година ако истекуваат по овој датум.
3. Кога во меѓународен копродукциски договор склучен пред датумот споменат во член 14 (1) меѓу копродуцент од земја-членка и повеќе копродуценти од други земји-членки или трети земји, во кој директно се обезбедува систем за поделба на правата на експлоатација меѓу копродуцентите по географски области за сите начини на комуникација со јавноста, без притоа да се направи разлика со комуникацијата со јавноста преку сателит во однос на одредбите применливи за другите начини на комуникација, и онаму каде комуникацијата со јавноста преку сателит ќе предуслови ексклузивност за копродукцијата, а посебно ексклузивитет во однос на јазикот, од еден од копродуцентите или негови овластени претставници на дадена територија, ќе се бара авторизацијаа од еден од копродуцентите или негови овластени претставници за комуникацијата со јавноста преку сателит претходна согласност од сопственикот на ексклузивитетот, било од копродуцентот или неговиот овластен претставник.
ГЛАВА 3 КАБЕЛСКО РЕЕМИТУВАЊЕ
Член 8
Право за кабелско реемитување. 1. Земјите членки ќе обезбедат сигурност дека во случаите кога програми од други земји-членки се реемитуваат преку кабелски систем на нивната територија, ќе се запазуваат применливите авторски и други сродни права и дека таквото реемитување ќе се случува на основа на индивидуални или колективни договори меѓу имателите на авторските права, имателите на сродни права и кабелските оператори.
2. Покрај ставот 1, земјите-членки можат да ги задржат таквите статутарни системи за лиценцирање до 31 декември 1997 година, односно системите кои се користат или кои директно се обезбедени преку националниот закон на 31 јули 1991 година.
Член 9
Уживање на правото за кабелско реемитување. 1. Земјите-членки ќе обезбедат сигурност дека правото на сопствениците на авторски права и на други сродни права да дадат или одбијат авторизација на кабелски оператор за кабелско реемитување можат да бидат уживани единствено преку збирна заедница.
2. Во случаите каде сопственикот на правото не го префрлил управувањето со неговите права на збирната заедница, збирната заедница која управува со правата од истата категорија ќе биде обврзана да го земе мандатот за управување со овие права. Онаму каде повеќе од една колективна заедница управува со правата од оваа категорија, сопственикот на правата ќе биде слободен да одбере која од овие колективни заедници е одговорна да управува со неговите права. Сопственикот на правата кој се споменува во овој став ќе ги има истите права и обврски кои произлегуваат од договорот меѓу кабелскиот оператор и збирната заедница која е обврзана со мандат да управува со неговите права како и сопствениците на права кои го одредиле мандатот на збирната заедница и тој ќе може да бара тие права во одреден период да бидат фиксирани кон засегнатата земја-членка, а овој период нема да биде пократок од три години од датумот на кабелското реемитување кое ја вклучува неговата работа или други заштитени аспекти.
3. Земја-членка може да одреди дека, кога сопственик на права ја авторизира иницијалната трансмисија во рамките на својата територија на дејност или друга заштитена дејност, тој ќе биде обврзан да се согласи да не ги ужива своите права за кабелско реемитување на индивидуална основа, туку да ги ужива во согласност со одредбите од оваа Директива.
Член 10
Уживање на правото за кабелско реемитување од страна на радиодифузни организации. Земјите-членки ќе обезбедат сигурност дека членот 9 не се применува кон правата кои ги ужива радиодифузната организација во однос на нејзиното емитување, без разлика дали засегнатите права се нејзини или биле префрлени на неа од страна на други сопственици на авторски права и/или други сродни права.
Член 11
Медијатори. 1. Онаму каде не постои договор за авторизација на кабелското реемитување на емитувана програма. Земјите-членки ќе обезбедат сигурност дека секоја од страните може да побара асистенција од еден или повеќе медијатори.
2. Задача на медијаторите ќе биде да дадат помош преку преговори. Тие, исто така, можат да поднесат предлози до страните.
3. Ќе се претпостави дека сите страни го прифаќаат предлогот како што е наведено во став 2 ако ниту една од нив не изрази противење во период од три месеци. Забелешката во однос на предлогот или било кое противење кон него ќе им бидат доставени на засегнатите страни во согласност со применливите правила за работа со правни документи.
4. Медијаторите ќе бидат избрани на начин што нивната независност и непристрасност се над степенот на разумна сомнеж.
Член 12
Спречување на злоупотреба на преговарачки позиции. 1. Земјите-членки ќе обезбедат сигурност користејќи се со граѓанскиот закон или законот за управна постапка, зависно од ситуацијата, дека страните стапуваат и спроведуваат преговори во однос на авторизацијата за кабелско реемитување во име на добрата волја и не ги спречуваат и попречуваат преговорите без валидно оправдание.
2. Земјата-членка, која, на датумот споменат во член 14 (1), има тело со надлежност на нејзината територија над случаите каде правото за реемитување програма преку кабелски систем за јавноста во таа земја-членка било неразумно одбиено или понудено под неразумни услови од страна на радидиофузната организација може да го задржи тоа тело.
3. Ставот 2 ќе се применува за транзициониот период од осум години од датумот споменат во член 14 (1).
Глава 4 општи одредби
Член 13
Колективна администрација на правата. Оваа директива ќе биде без предрасуди применета кон регулирањето на активностите на колективните тела во земјите-членки.
Член 14
Конечни одредби. 1. Земјите-членки ќе ги внесат во сила законите, регулативите и административните одредби неопходни за координирање со оваа Директива пред 1 јануари 1995 година. Тие за тоа веднаш ќе ја информираат Комисијата.
Кога земјите-членки ги усвојуваат овие мерки, писмото ќе содржи референца кон оваа Директива, или ќе биде пропратено со таква референца во времето на официјално објавување. Методите за овие референци ќе бидат наведени од земјите-членки. ж
2. Земјите-членки ќе ги достават до Комисијата одредбите од националните закони кои ги прифаќаат во полето покриено од оваа Директива.
3. Комисијата, не подоцна од 1 јануари 2000 година, ќе поднесе извештај до Европскиот Парламент, до Советот и до Економскиот и социјален комитет, во однос на апликацијата на оваа Директива, и, ако е неопходно, ќе даде понатамошни предлози за прилагодување на развојот во аудио и аудиовизуелниот сектор.
Член 15
Директивата им е пратена на земјите членки.
Изработено во Брисел, 27 септември 1993 година.
За Советот
Претседател
Р. УРБАИН